Насилна и сликовита содржина

Детали за политиката

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ
Образложение на политиките
Разбираме дека луѓето имаат различна чувствителност во однос на графичките и насилните слики. За да ги заштитиме корисниците од таквите содржини, ги отстрануваме најграфичките содржини и додаваме етикети со предупредувања за други типови содржини, така што луѓето ќе бидат свесни дека можеби се чувствителни пред да кликнат. Ја ограничуваме способноста на помладите корисници да гледаат содржини што може да не се соодветни или погодни за нивната возраст. Со тоа, целта ни е да овозможиме соодветно корисничко доживување, истовремено давајќи простор за нашите корисници да се изразуваат.
Знаеме дека корисниците може да споделуваат содржини за привлекување на вниманието кон или осудување дејства како злоупотреби на човековите права или вооружени конфликти. Нашите политики ги земаат предвид содржините споделени во овој контекст и оставаат простор за дискусија и подигање свесност според потребите.
За платените реклами, обезбедуваме дополнителни заштити. На пример, содржината што се смета за чувствителна не ги исполнува условите за прикажување во реклами. Исто така, забрануваме рекламите да вклучуваат слики и видеа што се шокантни, грозни или сензационални на друг начин. За повеќе информации, консултирај се со нашите Стандарди за рекламирање.
Не објавувајте:
Слики од луѓе
Видеа од луѓе, живи или починати, во немедицински контекст, кои прикажуваат:
  • Распарчување.
  • Видливи утроби, како што се изложени органи, коски или мускулно ткиво на живи или починати лица;
  • Запалени или јагленисани лица; или
  • Расекување на грло.
Преноси во живо на смртна казна.
Садистички забелешки
Садистички забелешки се коментар - на пример, натписи или коментари - кои изразуваат радост или задоволство од страдањето или понижувањето на луѓето или животните.
Отстрануваме
  • Садистички забелешки упатени кон слики (и видеа и фотографии) кои инаку добиваат екран за предупредување според оваа политика, советувајќи ги луѓето дека содржината може да биде чувствителна; освен ако сликите прикажуваат чинови на самоодбрана (на пр., видео од некој кој се брани од вооружен грабеж) или е во медицински контекст (на пр., слика на медицински професионалци кои вршат операција).
  • Експлицитни садистички забелешки упатени кон страдањата на животните прикажани на слики, како и слики што прикажуваат животни кои преминуваат од живи во мртви.
  • Нудење или барање слики што се избришани или што имаат екран за предупредување согласно оваа политика, кога се придружени со садистички забелешки.
За следнава содржина додаваме екран за предупредување, со цел луѓето да бидат свесни дека содржината може да биде чувствителна. Исто така, ја ограничуваме можноста за преглед на содржината на возрасни, на возраст од 18 години и постари:
Слики од луѓе
Видеа од луѓе, живи или починати, во медицински контекст, кои прикажуваат:
  • Распарчување.
  • Видливи утроби, како што се изложени органи, коски или мускулно ткиво на живи или починати лица;
  • Запалени или јагленосани лица, вклучително и во контекст на кремирање; или
  • Расекување на грло.
Фотографии на луѓе, живи или починати, кои прикажуваат:
  • Распарчување.
  • Видливи утроби, како што се изложени органи, коски или мускулно ткиво на живи или починати лица;
  • Запалени или јагленисани лица; или
  • Расекување на грло.
Слики (и видеа и фотографии) што прикажуваат нечија насилна смрт (вклучително моментот на настапување на смртта или потоа) или лице што е во животозагрозувачка ситуација (како удирање со автомобил, паѓање од голема висина или друга физичка повреда што може да биде смртоносна).
Слики што прикажуваат смртна казна на лице (со исклучок на преноси во живо).
Слики што прикажуваат чинови на бруталност (на пр., чинови на насилство или смртоносни закани на насилно задржани субјекти) извршени против лице или група луѓе.
Слики што прикажуваат немедицински туѓи предмети (на пр., ножеви, шајки или други метални предмети) кои ја пробиваат кожата на некое лице.
Слики што прикажуваат скршени, раскрвавени заби на личност, извадени заби каде има крв; или вметнување на туѓи предмети во забите или непцата.
Слики што прикажуваат фетуси и бебиња надвор од матката што се починати, освен ако на сликата има и друго лице.
Слики од животни
Секоја слика на животни, живи или мртви, што прикажува распарчување, видливи утроби, горење или јагленисување или се живи варени.
Слики од животни кои преминуваат од живи во мртви.
Слики од луѓе кои извршуваат брутални дејства врз живи животни (на пр., клоцање, давење или кубење пердуви).
За следниве содржини, ја ограничуваме можноста за преглед на корисници на возраст од 18 години и постари:
Слики од луѓе
Слики што прикажуваат делумно или целосно откриени починати луѓе, дури и ако нема видливи показатели за насилна смрт.
Слики што прикажуваат фетуси и бебиња надвор од матката што се починати, кога на сликата има и друго лице.
Слики што прикажуваат игли кои ја пробиваат кожата на лицето надвор од контекстот на вакцинација, акупунктура или терапија со игли, тетовирање или пирсинг.
Слики што прикажуваат повредени луѓе во медицински контекст кога доживуваат болка или непријатност, имаат модрици или медицински цевки во лицето и/или рацете.
Слики што прикажуваат човечки отпад и телесни течности (на пр., измет, урина, повраќање, исцедок од уши, слуз, нуспроизвод од дермални екстракции или крв).
Слики што прикажуваат возила што горат или експлодираат, или го прикажуваат моментот или последиците од ударот на возилата со голема брзина со други предмети каде што возилото е исфрлено од патеката и/или возачката или патничката кабина на возилото се многу оштетени.
Слики од физички борби меѓу две или повеќе луѓе, освен во спортски контекст.
Слики од животни
Слики што прикажуваат животни, живи или мртви, кога е присутна видлива крв.
Слики што прикажуваат животни во контекст на раѓање (на пр., има крв или видливи утроби).
Слики што прикажуваат животни, живи или мртви, каде што се гледаат како инсекти излегуваат од нив (на пр., црви).
Слики што прикажуваат повредени животни кои страдаат.
Измислени слики
Слики што прикажуваат измислени луѓе во следниве контексти:
  • Распарчување;
  • Видливи утроби, како што се изложени органи, коски или мускулно ткиво;
  • Запалени или јагленисани лица;
  • Расекување на грло; или
  • Насилна смрт или настани опасни по живот.
Слики што прикажуваат измислени луѓе што се фотореалистични (каде што сликите изгледаат или многу наликуваат на фотографија или видео на вистинска личност), во следниве контексти:
  • Немедицински туѓи предмети (на пр., ножеви, шајки или други метални предмети) кои ја пробиваат кожата;
  • Човечки отпад и телесни течности (на пр., измет, урина, повраќање, исцедок од уши, слуз или нуспроизвод од дермални екстракции), со исклучок на крв;
  • Починати бебиња или фетуси надвор од матката;
Слики што прикажуваат измислени, но фотореалистични животни во следниве контексти:
  • Распарчување;
  • Видливи утроби, како што се изложени органи, коски или мускулно ткиво;
  • Запалени или јагленисани животни;
  • Животни што се варат живи;
  • Има крв;
  • Животни кои преминуваат од живи во мртви;
  • Луѓе кои извршуваат чинови на бруталност (на пр., клоцање, давење или кубење пердуви) врз живи животни;
  • Повредени животни што страдаат
  • Животни од коишто излегуваат инсекти (на пр., црви).
За следниве Стандарди на заедницата, бараме дополнителни информации и/или контекст за да ги спроведеме:
Не дозволуваме:
Слики или аудио од насилна смрт на некое лице кога смртта на лицето е потврдена со евиденција од органите за спроведување на законот, извод од матична книга на умрените, извештај од доверлив партнер или извештај од медиумите, а член на семејството на починатиот бара нивно отстранување.
Видео на јагленисани или запалени луѓе во контекст на самозапалување како чин на протест.
Може да дозволиме:
Слики од насилна смрт на некое лице или настан опасен по живот кога прикажувањето е ненамерно
Искуства на корисниците
Погледнете неколку примери за спроведување на стандардите за луѓето на Facebook, како на пример: како изгледа да се пријави нешто за коешто сметате дека не треба да биде на Facebook, да ве известат дека сте ги прекршиле Стандардите на заедницата и да видите екран за предупредување врз одредена содржина.
Белешка: Секогаш се подобруваме, па тоа што ќе го видите тука може да биде малку застарено во споредба со тоа што го користиме во моментот.
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Пријавување
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Комуникација по пријавувањето
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Искуство со отстранување содржина
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Екрани за предупредување
Податоци
Видете го последниот Извештај за спроведување на стандардите на заедницата
Спроведување на стандардите
Ги имаме истите правила насекаде во светот, за сите на Facebook.
Тимови за преглед
Нашиот глобален тим од над 15.000 прегледувачи работи секој ден со цел луѓето да бидат безбедни на Facebook.
Активност на засегнатите страни
Надворешни соработници, академици, НВОа и креатори на политики придонесуваат информации за Стандардите на заедницата на Facebook.
Добијте помош со насилна и сликовита содржина
Дознајте што може да направите ако видите нешто на Facebook што е против нашите Стандарди на заедницата.
Посетете го нашиот Центар за помош