Дезинформирање
Детали за политиката
ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ
Денес
8.4.2025
14.3.2025
8.1.2025
19.7.2024
10.7.2024
11.6.2024
21.5.2024
7.2.2024
6.12.2023
30.9.2023
15.7.2023
Образложение на политиките
Дезинформацијата се разликува од другите типови говор што се регулирани со нашите Стандарди на заедницата затоа што не постои начин како да се направи сеопфатна листа на тоа што е забрането. На пример, кај сликовитото насилство или однесувањето со омраза, нашите правила конкретно ги наведуваат содржините што ги забрануваме, па дури и лицата коишто не се согласуваат со овие правила може да ги следат. Меѓутоа, кај дезинформациите, не можеме да поставиме таква граница. Светот постојано се менува, па она што е точно во еден момент, може да биде неточно веќе следниот момент. Луѓето исто така имаат различни нивоа на информации за светот околу нив и може да веруваат дека нешто е точно, кое всушност не е точно. Правило коешто едноставно забранува „дезинформација“ не би понудило корисно известување за луѓето коишто ги користат нашите услуги и не би можело да се спроведе, затоа што немаме идеален пристап до информации.
Наместо тоа, нашите правила зборуваат за различни категории дезинформации и се обидуваат да дадат јасни насоки за тоа како го третираме тој говор кога ќе го забележиме. За секоја категорија, нашиот пристап го одразува нашиот обид за постигнување рамнотежа меѓу нашите вредности на изразување, безбедност, достоинство, автентичност и приватност.
Дезинформациите ги отстрануваме кога постои веројатност директно да придонесат за опасност од физичка повреда. Исто така отстрануваме содржина кога постои веројатност директно да придонесе за мешaње во функционирањето на политичките процеси. При утврдувањето што претставува дезинформација во овие категории, соработуваме како партнери со независни експерти коишто поседуваат знаење и стручност да ја проценат вистинитоста на содржината и дали постои веројатност истата директно да придонесе за опасност од непосредна штета. Во ова спаѓа, на пример, партнерство со организации за човекови права кои се присутни во одредена земја, за да се утврди вистинитоста на гласини за граѓански конфликт.
За сите други дезинформации, фокусот го ставаме на намалување на распространетоста или создавање околина која што поттикнува продуктивен дијалог. Знаеме дека луѓето често користат дезинформации на нештетни начини, како на пример, за да преувеличат нешто („Овој тим го има најлошиот рекорд во историјата на спортот!“) или во хумор или сатира („Мојот сопруг штотуку победи на натпреварот „Сопруг на годината.“) Тие исто така може да споделуваат нивно искуство преку стории коишто содржат неточни информации. Во некои случаи, луѓето споделуваат нивни длабоки лични мислења за коишто другите луѓе мислат дека се погрешни или па споделуваат информации што веруваат дека се точни, но другите мислат дека нецелосни или залажувачки.
Препознавајќи колку е чест таквиот говор, се трудиме да им овозможиме на корисниците корисни информации кога постојат потенцијално залажувачки или збунувачки содржини. Како дел од тие напори, надвор од Соединетите Американски Држави, соработуваме како партнери со организации трети страни за проверка на факти во многу делови од светот заради разгледување и рангирање на точноста на највиралната содржина на нашите платформи (видете овде и овде за нашиот пристап во Соединетите Американски Држави). Почнувајќи од Соединетите Американски Држави, програмата Белешки за заедницата им овозможува на луѓето да додадат повеќе контекст на објавите на Facebook, Instagram и Threads кои се потенцијално залажувачки или збунувачки (види овде). Исто така обезбедуваме ресурси за да ја зголемиме медиумската и дигиталната писменоста, за да можат луѓето да одлучат што да читаат, на што да веруваат и како да споделуваат нивни содржини. Од луѓето бараме да обелоденуваат, преку нашата алатка за обелоденување ВИ, секогаш кога објавуваат органски содржини со фотореалистично видео или реалистичен звук што е дигитално создаден или изменет, и може да примениме казни ако не го сторат тоа. Може и да додадеме ознака на одредени дигитално создадени или изменети содржини за коишто постои особено висок ризик да ги залажат луѓето за работи што се важни за општеството.
Не помалку важно е и тоа што забрануваме содржина и однесување во други области коишто често пати се преклопуваат со ширењето дезинформации. На пример, нашите Стандарди на заедницата забрануваат лажни сметки, измама и координирано неавтентично однесување.
Како што се менуваат и еволуираат онлајн и офлајн околините, така и ние ќе продолжиме да ги развиваме овие правила. Сметки коишто постојано ги споделуваат дезинформациите наведени подолу, покрај спроведување на стандардите на нивната содржина согласно со оваа политика, може да се соочат и со намалена дистрибуција, ограничување на нивната можност за рекламирање или нивно отстранување од нашите платформи. Дополнителни информации за тоа што се случува кога Meta ќе отстрани содржина, може да најдете овде .
Упатства
Дезинформации што ги отстрануваме:
Ги отстрануваме следните типови дезинформации:
I. Физичка повреда или насилство
Ги отстрануваме дезинформациите или гласините што не може да се потврдат за коишто, експерти кои се наши партнери, имаат утврдено дека постои веројатност директно да придонесат за опасност од непосредно насилство или физичка повреда на луѓе. Дезинформациите ги дефинираме како содржина за којашто меродавна трета страна има утврдено дека е погрешна. Гласини што не може да се проверат ги дефинираме како тврдење за чиј што извор, експерти кои се наши партнери имаат потврдено дека е многу тешко или неверојатно да се следи, за коешто не постојат меродавни извори, не е доволно конкретно за да може да се разоткрие или кога тврдењето е премногу сомнително или премногу ирационално за да се поверува во него.
Знаеме дека понекогаш, дезинформациите коишто можеби изгледаат како безопасни, во конкретен контекст може да придонесат за опасност од офлајн штета, вклучително и закани за насилство што би можеле да го зголемат ризикот од смрт, сериозна повреда или друга физичка повреда. Работиме со глобална мрежа на невладини организации (НВО), непрофитни организации, хуманитарни организации и меѓународни организации коишто поседуваат експертиза за овие локални трендови.
Во државите во коишто има зголемен ризик од општествено насилство, проактивно соработуваме со локални партнери за да разбереме кои лажни барања може директно да предизвикаат ризик од неизбежна физичка повреда. Потоа работиме на идентификување и отстранување на содржините што имаат такви барања на нашата платформа. На пример, во консултација со локалните експерти, може да отстраниме медиумски содржини без контекст и лажно тврдат дека прикажуваат насилство, жртви или сторители на насилство, оружје или воена опрема.
II. Дезинформации штетни по здравјето
Се консултираме со водечки здравствени организации за да идентификуваме здравствени дезинформации коишто можат директно да придонесат за непосредна штета по јавното здравје и безбедност. Во штетни здравствени дезинформации што ги отстрануваме спаѓаат следните:
- Дезинформации за вакцините. Пред сѐ, ги отстрануваме дезинформациите за вакцините кога јавните здравствени власти ќе заклучат дека информациите се лажни и веројатно ќе придонесат за непосредно одбивање на вакцинацијата. Тука спаѓаат:
- Вакцините предизвикуваат аутизам (На пр. „Токму поради зголемената вакцинација денес имаме толкав број деца со аутизам“.)
- Вакцините предизвикуваат Синдром на ненадејна смрт на доенчиња. (На пр. „Нели знаете дека вакцините предизвикуваат СНСД?“
- Вакцините предизвикуваат болест од којашто би требало да штитат, или предизвикуваат вакцинираното лице полесно да заболи (На пр. „Примањето на вакцината всушност ја зголемува веројатноста од добивање на болеста бидејќи во нив има дел од болеста“ „Внимавај“)
- Вакцините или нивните состојки се смртоносни, токсични, отровни, штетни или опасни (На пр. „Секако, можете да примите вакцина, ако не ви пречи да внесете отров во вашето тело“.)
- Природниот имунитет е побезбеден од имунитетот стекнат со вакцина (На пр. „Најбезбедно е едноставно да се разболиш отколку да се вакцинираш“.)
- Опасно е да добиеш неколку вакцини во краток период, дури и ако тајмингот е медицински препорачан (На пр. „Никогаш не примајте повеќе од една вакцина истовремено, тоа е опасно - не ми е гајле што вели вашиот доктор!“)
- Вакцините не се делотворни во спречување на болеста од која треба да ве заштитат. Меѓутоа, за вакцините против COVID-19, грип и маларија не ги отстрануваме тврдењата дека тие вакцини не се делотворни при спречување зараза од вирусите. (Примери: Отстрани - „Вакцините против детска парализа всушност не прават ништо што би го спречило разболувањето од болеста“; Отстрани - „Вакцините всушност не прават ништо што би спречило разболување од болести“; Дозволи - „Вакцината не спречува разболување од COVID-19, токму затоа и понатаму е потребно социјално дистанцирање и носење маска кога се наоѓате околу други луѓе“.)
- Добивање сипаници не може да предизвика смрт (потребни се дополнителни податоци и/или контекст) (Пр. „Не грижете се дали ќе разболите од сипаници, тоа не може да биде фатално“.)
- Витаминот Ц е исто толку ефикасен како и вакцини во спречувањето на болести за кои постојат вакцини.
- Здравствени дезинформации за време на итни состојби во јавното здравство Ние ги отстрануваме дезинформациите за време на итни состојби во јавното здравство, кога јавните здравствени власти ќе заклучат дека информацијата е неточна и може да придонесе за појава на опасност од физичка повреда, вклучително и опасност од физички лица да се разболат или да рашират опасна болест или да одбијат соодветна вакцина. Итните состојби во јавното здравство ги идентификуваме во партнерство со глобални и локални здравствени власти.
- Промовирање или застапување за штетни чудесни лекови за здравствени проблеми. Тука спаѓаат третмани каде што препорачаната примена, во здравствен контекст, може директно да придонесе за опасност од сериозна повреда или смрт, и третманот нема легитимна здравствена примена (на пр. белило, дезинфициенс, црна плунка, каустична сода).
III. Мешање во гласачко тело или попис
Во напорите за промовирање интегритет на избори и попис, ги отстрануваме дезинформациите коишто можат директно да придонесат за опасност од мешање во можноста на луѓето да учествуваат во тие процеси. Тука спаѓаат следните:
- Дезинформации за датуми, локации, времиња и начини за гласање или регистрација на гласачите или учество на попис.
- Дезинформации за тоа кој може да гласа, квалификуваност за гласање, дали ќе се брои гласот и кои информации и/или материјали мора да се обезбедат за да се гласа.
- Дезинформации во однос на тоа дали одреден кандидат се кандидира или не.
- Дезинформации за тоа кој може да учествува во пописот и какви информации или материјали мора да се обезбедат за да се учествува.
- Дезинформации за вклученост на владата во попис, вклучувајќи, онаму каде што е применливо, дека податоците за пописот на поединецот ќе бидат споделени со друга (не пописна) владина агенција.
- Лажни или непроверени тврдења дека Агенцијата за имиграција и царина на САД (ICE) се наоѓа на локација за гласање.
- Експлицитни погрешни тврдења дека луѓето ќе бидат заразени со COVID-19 (или друга заразна болест) ако учествуваат во процесот на гласање.
- Лажни тврдења за тековната состојба на гласачка локација во САД што оневозможуваат гласање, проверено од изборен орган.
Имаме дополнителни правила наменети да ги опфатат повиците за насилство, промоција на незаконско учество и повиците за координирано мешање во изборите, кои се претставени во другите секции од нашите Стандарди на заедницата.
За следниве содржини, додаваме информативна ознака:
Манипулирана медиумска содржина/медиумски датотеки.
Модеиумите може да се уредуваат на најразлични начини. Во голем број случаи, овие промени се безопасни, како што е содржина која се сече или скратува заради уметнички причини или музика која се додава. Во други случаи, манипулацијата не е очигледна и може да доведе во заблуда.
- Содржини што се дигитално создадени или изменети и може да залажат. За содржините кои инаку не ги нарушуваат Стандардите на заедницата, може да поставиме информативна ознака кај насловот на содржината – или да ја одбиеме содржината испратена како реклама – кога содржината е фотореалистична слика или видео или реалистично аудио, што е дигитално создадена или изменета и постои особено висок ризик суштински да ја залаже јавноста за работи што се важни за општеството.
Искуства на корисниците
Погледнете неколку примери за спроведување на стандардите за луѓето на Facebook, како на пример: како изгледа да се пријави нешто за коешто сметате дека не треба да биде на Facebook, да ве известат дека сте ги прекршиле Стандардите на заедницата и да видите екран за предупредување врз одредена содржина.
Белешка: Секогаш се подобруваме, па тоа што ќе го видите тука може да биде малку застарено во споредба со тоа што го користиме во моментот.
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Пријавување
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Комуникација по пријавувањето
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Искуство со отстранување содржина
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Екрани за предупредување
Спроведување на стандардите
Ги имаме истите правила насекаде во светот, за сите на Facebook.
Тимови за преглед
Нашиот глобален тим од над 15.000 прегледувачи работи секој ден со цел луѓето да бидат безбедни на Facebook.
Активност на засегнатите страни
Надворешни соработници, академици, НВОа и креатори на политики придонесуваат информации за Стандардите на заедницата на Facebook.
Добијте помош со дезинформирање
Дознајте што може да направите ако видите нешто на Facebook што е против нашите Стандарди на заедницата.
Посетете го нашиот Центар за помош