Локално незаконски содржини, производи или услуги

Детали за политиката

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ
Образложение на политиките
Кога регулаторите или владините ентитети сметаат дека содржините на нашите услуги се спротивни на локалните закони, може да побараат од нас да ги ограничиме таквите содржини. Невладините ентитети и членовите на јавноста исто така може да испраќаат пријави доколку сметаат дека содржините се незаконски. Може да добиваме и судски наредби.
Кога ќе добиеме пријава или наредба, прво ја разгледуваме според Стандардите на заедницата. Ако утврдиме дека содржините се во спротивност со нашите правила, ги отстрануваме. Доколку содржините не се во спротивност со нашите политики, во согласност со нашите обврски како членка на Иницијативата за глобална мрежа и нашата Корпоративна политика за човекови права, спроведуваме внимателен правен преглед, како и проверка за придржување до човековите права, за да утврдиме дали извештајот е валиден.
Во случаи кога сметаме дека извештаите не се правно валидни, се премногу широки или не се во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, може да побараме појаснување или да не преземеме никакво дејство.
Онаму каде што преземаме дејство против корисничките содржини врз основа на локалниот закон наместо нашите Стандарди на заедницата, се трудиме да го ограничиме пристапот до содржините само во јурисдикцијата каде што се тврди дека е незаконска и не наметнуваме други казни или ограничувања на функциите. Го известуваме и засегнатиот корисник.
Објавуваме и извештаи со детали за начинот на којшто ги разгледуваме пријавите за содржини што ги прекршуваат локалните закони и случаи за коишто сме го ограничиле пристапот до содржините, достапни тука.
Искуства на корисниците
Погледнете неколку примери за спроведување на стандардите за луѓето на Facebook, како на пример: како изгледа да се пријави нешто за коешто сметате дека не треба да биде на Facebook, да ве известат дека сте ги прекршиле Стандардите на заедницата и да видите екран за предупредување врз одредена содржина.
Белешка: Секогаш се подобруваме, па тоа што ќе го видите тука може да биде малку застарено во споредба со тоа што го користиме во моментот.
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Пријавување
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Комуникација по пријавувањето
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Искуство со отстранување содржина
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Екрани за предупредување
Спроведување на стандардите
Ги имаме истите правила насекаде во светот, за сите на Facebook.
Тимови за преглед
Нашиот глобален тим од над 15.000 прегледувачи работи секој ден со цел луѓето да бидат безбедни на Facebook.
Активност на засегнатите страни
Надворешни соработници, академици, НВОа и креатори на политики придонесуваат информации за Стандардите на заедницата на Facebook.
Добијте помош со локално незаконски содржини, производи или услуги
Дознајте што може да направите ако видите нешто на Facebook што е против нашите Стандарди на заедницата.
Посетете го нашиот Центар за помош