Лаги, измами и измамнички практики

Детали за политиката

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ
Образложение на политиките
Целта ни е да ги заштитиме корисниците и бизнисите од измами што сакаат да им земат пари, имот или лични податоци. Тоа го постигнуваме со отстранување на содржините и со борба против однесувањето што намерно применува измамнички средства – како намерно лажно претставување, украдени податоци и преувеличени тврдења – за измама или кражба насочена кон корисниците и бизнисите, или за поттикнување интеракција. Ова вклучува содржина што се обидува да ги координира или промовира тие активности користејќи ги нашите услуги. Ние им дозволуваме на луѓето да ја подигнат свесноста и да ги едуцираат другите, како и да ги осудиме овие активности.
Не дозволуваме:
Содржина што се обидува да ги излаже или да ги измами корисниците и/или бизнисите со:
Лаги и измами за заеми
Содржина што:
  • Нуди зами што бараат од корисникот да плати одредена сума однапред за да добие заем.
  • Нуди заеми со гаранција или друг облик на гаранција за одобрување, експлицитно наведена или имплицитно разбрана според контекстот (на пример, понуди за одобрување заеми без барање финансиски информации).
  • Белешка: Бараме и други сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали е верификуван ентитет и банка или финансиска институција.
Лаги и измами за коцкање
Содржина што:
  • Нудат услуги за коцкање со реални пари („Реални пари“ значи реални валути што може да се користат за купување добра или услуги во реалниот свет, вклучувајќи ги националните валути како американскиот долар и виртуелните валути како Bitcoin):
    • нуди гаранција за добивка.
    • имплицитно наведува или признава дека резултатот на играта или натпреварот е наместен.
    • ги наведува луѓето да овозможат местење натпревари или бараат помош или совети за тоа како да се намести натпревар или игра.
Друштвените казино-игри што симулираат коцкање без можност за добивање реални пари подлежат на нашите Стандарди на заедницата за ограничени добра и услуги.
Инвестиции или финансиски лаги и измами
  • Можности за инвестирање. Содржина што:
    • Нуди можности за инвестирање при што враќањето на инвестицијата е гарантирано или без ризици.
    • Нуди можности за инвестирање при што враќањето на инвестицијата или компензацијата делумно или целосно се заснова на регрутирање други да учествуваат во шемата.
    • Нуди можности за инвестирање при што се работи за можност за „брзо збогатување“ и/или има тврдења дека мала инвестиција може да се претвори во голема сума.
  • Намножување пари/готовина. Содржина што:
    • Нуди зголемување на одредена сума пари во поголема сума преку намножување, со трик или стратегија што содржи експлицитни термини како „намножување готовина“, „намножување пари“ или слична терминологија.
Лаги и измами за префрлање пари преку трета страна и перење пари
  • Префрлање пари преку трета страна. Содржина што:
    • Нуди или бара префрлање пари преку трета страна (при што жртвите се несвесни учесници во перење пари со тоа што им се нудат пари или дел од профитот во замена на користење на нивните банкарски сметки или со префрлање пари во име на други).
    • Нуди или бара префрлање пари преку трета страна со нудење вработување за да се прифаќаат трансфери на пари до трети страни преку банкарската сметка на жртвите.
  • Перење пари. Содржина што:
    • Бара, рекламира или нуди олеснување на перењето пари, што подразбира обид незаконски добиените пари да се претстават како легитимни преку маскирање на нивното потекло преку сложена секвенца на финансиски трансакции, вклучително преку кое било од следниве средства:
      • Барање трансфер на средства преку SWIFT (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunications) или слични методи,
      • Барање или нудење детали за типовите банкарски сметки достапни за примање или трансфер на готовина.
Лаги и измами за неавтентичен идентитет
Содржина што:
  • Обиди за лажење или измама на корисниците со лажно претставување на идентитетот на објавувачот или природата на барањето:
    • Лаги и измами за добротворни организации, односно лажни барања за пари или донации за добротворни цели, како и тврдења дека донацијата е итна и содржи информации, како банкарски сметки, каде што може да се испратат парите.
    • Романтична лага или измама, односно лажни обиди за започнување онлајн романтични врски со барање несексуален партнер или врска и нудење или барање пари или еквивалент на пари во замена.
    • Лаги и измами со утврден бизнис/ентитет, односно лажно тврдење за претставување или говорење во име на утврден бизнис или ентитет, во обид да се изврши измама.
Лаги и измами за производи или награди
  • Лаги и измами за владини грантови. Содржина што:
    • Лажно нуди пари од владини грантови или кој било друг владин извор на финансирање. Земаме предвид различни сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали потекнува од верификуван ентитет.
  • Реални, духовни или илуминатски лаги и измами. Содржина што:
    • Нуди реални награди, како пари, добра или услуги со монетарна вредност, вклучувајќи физички, дигитални и виртуелни валути, и физички или дигитални добра и услуги за членство или придружување во асоцијација, култ, верска секта (на пример, братството Илуминати).
    • Нуди реални награди за користење црна магија, магии или магични предмети (на пример, магии, амајлии, амулети, токени, напивки, магичен паричник итн.).
  • Осигурителни лаги и измами Содржина што:
    • Нуди лажно осигурување со голем попуст и со барања за плаќање однапред (административни трошоци или депозит или нешто друго).
    • Нуди лажно осигурување со голем попуст и со ветувања за голема заштеда на осигурувањето во споредба со конвенционалните осигурителни даватели (најмалку 30 % помалку).
    • Белешка: Бараме и други сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали е верификуван ентитет и банка или финансиска институција
  • Лаги и измами за работа. Содржина што:
    • Нуди работа со нејасен или општ работен опис и можности за брзо збогатување, ветувајќи пари со малку вложено време или труд.
    • Нуди работа што не содржи никакви информации за работата, едноставно спомнувајќи слободни работни места.
    • Нуди работа од дома, но насловот на работата сугерира дека вработениот не може да работи од дома.
    • Нуди работа со ветувања за плаќање однапред.
    • Нуди гарантирана работа.
    • Нуди работа што бара однапред платена сум за да се одобри работата.
    • Белешка: Бараме и други сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали е верификуван ентитет
  • Лаги и измами за олеснување долг или кредитна поправка. Содржина што:
    • Ветува дека ќе го избрише, елиминира или намали долгот за одредена сума во даден временски период.
    • Ветува дека ќе го прекине или ќе го избрише собирањето долг или тужбите поврзани со истиот.
    • Ветува простување или откажување на долгот преку „нова владина програма“ или промена во законот или еквивалентна изјава.
    • Ветува дека ќе ги избрише или ќе ги отстрани кредитните информации од кредитните извештаи или ќе создаде нов „кредитен идентитет“.
    • Белешка: Бараме и други сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали е верификуван ентитет и банка или финансиска институција
  • Лаги и измами за подароци. Содржина што:
    • Нуди гарантирана награда со реални пари во замена на тоа што корисниците:
      • Ќе се регистрираат на врска надвор од локацијата.
      • Ќе споделат Лични податоци за идентификација (PII) или Други лични податоци.
      • Ќе контактираат надвор од платформата или на платформата преку приватни пораки.
      • Нема да преземат ништо.
  • Лаги и измами за плаќање однапред. Содржина што:
    • Лажно ветува пари во замена за однапред платена сума/електронски пренос на пари/исплата.
Лаги и измами за лажни документи
  • Лажни или фалсификувани документи. Содржина што:
    • Нуди рекламирање, создавање, продажба, купување или тргување со лажни или фалсификувани документи.
    • Нуди продажба на визи или зелени карти.
    • Гарантира одобрување на визи или зелени карти.
    • Им овозможува на корисниците да добиваат одобрувања на визи без исполнување на вообичаените услови.
  • Лажни или фалсификувани валути. Содржина што:
    • Нуди продажба, купување или тргување со лажни или фалсификувани валути, освен валути за друштвени игри (на пр. пари за Монопол) ако е даден јасен контекст дека станува збор за потребите за друштвена игра.
  • Лажни или фалсификувани ваучери. Содржина што:
    • Нуди споделување, продажба, купување или тргување со лажни или фалсификувани ваучери.
    • Признава, промовира или нуди користење на физички или дигитални купони или ваучери за постигнување атипични цени со:
      • користење купони или ваучери за купување производи за коишто не се наменети таквите купони или ваучери; или
      • со користење истечени купони или ваучери.
  • Лажни или фалсификувани образовни и професионални сертификати. Содржина што:
    • Нуди продажба, купување или тргување со лажни или фалсификувани образовни и професионални сертификати.
Лаги или измами за украдени информации, добра или услуги
  • Лаги и измами за продажба на кредитни картички. Содржина што:
    • Вклучува купување, продажба или тргување со украдени кредитни картички или други финансиски инструменти што може да се користат за неовластени купувања (познато како „продажба на кредитни картички“).
  • Лаги и измами за PII. Содржина што:
    • Нуди купување, продажба или тргување со Лични податоци за идентификација (PII) или Други лични податоци, освен ако припаѓаат на фиктивен лик.
  • Лаги и измами за лажни рецензии. Содржина што:
    • Нуди купување, продажба или тргување со рецензии/оцени за производи.
    • Имплицитно или експлицитно ги поттикнува корисниците да обезбедуваат рецензии во замена за попусти, рефундирања или бесплатни производи.
  • Лаги и измами за претплата. Содржина што:
    • Нуди купување, продажба или тргување со акредитиви за претплатнички услуги (акредитиви за најавување на онлајн услуги за коишто е потребно повторливо плаќање во редовни интервали) со спомнување платени онлајн услуги или со именување или со споделување на логото.
    • Белешка: Бараме и други сигнали за да утврдиме дали ентитетот објавува легитимни, неизмамнички содржини, на пример, дали е верификуван ентитет и банка или финансиска институција.
  • Лаги и измами за препишување. Содржина што:
    • Вклучува споделување, продажба, тргување или купување на:
      • идни испитни трудови или листови со одговори.
      • Производи или услуги што овозможуваат препишување на испити.
      • Производи или услуги што овозможуваат поминување тестови за дрога на неовластен начин
Лаги и измами за неовластено користење уреди
  • Лаги и измами за манипулација со уреди. Содржина што
    • Промовира купување, продажба, тргување или споделување манипулирани, променети или лажни уреди за мерење.
    • Признава, промовира или рекламира користење на физичка манипулација на уреди за да се постигне неточна цена.
  • Лаги и измами за дигитални содржини. Содржина што
    • Нуди или бара производи што олеснуваат или поттикнуваат пристап до дигитални содржини на неовластен начин. Ова опфаќа, но не е ограничено на: изменети телекомуникациски кутии, целосно вчитани/KODI-инсталирани кутии и KODI-услуги.
Измамнички и залажувачки практики
  • Лажни здравствени практики. Содржина што
    • Промовира лажни или залажувачки здравствени тврдења или гарантира слабеење со применување тактики што поттикнуваат кликнување, како користење сензационален јазик со претерани или екстремни тврдења
За следниве содржини, ја ограничуваме можноста за преглед на содржината на возрасни, на возраст од 18 години и постари:
Содржина што
  • Ветува конкретни резултати поврзани со слабеење во одреден временски период без квалификации или изјава за одрекување од одговорност.
Без разлика на горенаведеното, не забрануваме содржини што осудуваат, поттикнуваат свесност за или ги едуцираат другите за лаги и измами, без откривање чувствителни податоци или промовирање лаги или измами
За следниве Стандарди на заедницата, бараме дополнителни информации и/или контекст за да ги спроведеме:
  • Може да ја отстраниме содржината:
    • Што вклучува лага/измама пријавена од доверлив ентитет.
    • Што е поврзана со мито или проневера.
    • Што нуди вакцини во обид да се излажат или измамат корисниците.
    • Што се обидува да утврди лажен лик, се преправа дека е славно лице или неовластено користи слика од славно лице во обид да изврши измама или изнуда.
    • Што нуди или бара производи или услуги создадени за олеснување тајно прикажување или снимање на поединци, на пр. шпионски камери, следачи на мобилни телефони (вклучувајќи ги тие што овозможуваат следење непознати телефонски броеви) или друга скриена опрема за надзор.
    • Што нуди можности за регрутирање парничари за луѓето да учествуваат во групни тужби, преку лажно претставување како владин ентитет или медиум за вести, со користење сензационален јазик или претерани тврдења.
    • Што нуди претплатнички услуги што ги поттикнуваат корисниците да внесат Лични податоци.
    • Не дозволуваме ентитетите да учествуваат во или да тврдат дека учествуваат во организирано однесување поврзано со Лаги и измами, вклучувајќи координирано користење повеќе сметки на нашите услуги за извршување измамнички активности.
Во одредени случаи, дозволуваме содржина што инаку може да ги прекрши Стандардите на заедницата кога ќе се утврди дека содржината е сатирична. Содржина ќе биде дозволена само ако елементите на содржината што нарушуваат се сатиризираат или се припишуваат на нешто или некој со цел да се исмеваат или критикуваат.
Искуства на корисниците
Погледнете неколку примери за спроведување на стандардите за луѓето на Facebook, како на пример: како изгледа да се пријави нешто за коешто сметате дека не треба да биде на Facebook, да ве известат дека сте ги прекршиле Стандардите на заедницата и да видите екран за предупредување врз одредена содржина.
Белешка: Секогаш се подобруваме, па тоа што ќе го видите тука може да биде малку застарено во споредба со тоа што го користиме во моментот.
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Пријавување
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Комуникација по пријавувањето
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Искуство со отстранување содржина
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Екрани за предупредување
Спроведување на стандардите
Ги имаме истите правила насекаде во светот, за сите на Facebook.
Тимови за преглед
Нашиот глобален тим од над 15.000 прегледувачи работи секој ден со цел луѓето да бидат безбедни на Facebook.
Активност на засегнатите страни
Надворешни соработници, академици, НВОа и креатори на политики придонесуваат информации за Стандардите на заедницата на Facebook.
Добијте помош со лаги, измами и измамнички практики
Дознајте што може да направите ако видите нешто на Facebook што е против нашите Стандарди на заедницата.
Посетете го нашиот Центар за помош