Интегритет на сметката

Детали за политиката

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ
Образложение на политиките
За да одржиме безбедна средина и да поттикнеме слободен израз, ги ограничуваме или ги отстрануваме сметките што се штетни за заедницата. Создадовме комбинација од автоматизирани и рачни системи за ограничување и отстранување сметки што се користат за екстремно или постојано прекршување на нашите правила на сите наши производи.
Бидејќи отстранувањето на сметката е сериозно дејство, секогаш кога е можно, сакаме да ѝ дадеме шанса на нашата заедница да ги научи нашите правила и да ги следи нашите Стандарди на заедницата. На пример, се испраќа известување секогаш кога отстрануваме содржини, а во повеќето случаи им нудиме на луѓето и информации за природата на прекршокот и применетите ограничувања. Нашите дејства за спроведување на стандардите се создадени да бидат пропорционални на сериозноста на прекршокот, историјата на прекршоци на сметката и ризикот од штета за заедницата. Продолжените прекршувања, и покрај повторените предупредувања и ограничувања, или прекршувања што претставуваат сериозни безбедносни ризици, ќе доведат до исклучување на сметката.
Дознајте повеќе за начинот на којшто Meta ги спроведува своите политики и ги ограничува сметките во Центарот за транспарентност.
Може да ги ограничиме или да ги оневозможиме сметките, другите ентитети (Страници, групи, настани) или деловните средства (Бизнис управници, сметки за реклами) што:
  • Ги прекршуваат нашите Стандарди на заедницата што вклучуваат еклатантна штета, вклучително и тие коишто ѝ ги пренесуваме на полицијата поради ризикот од неизбежна штета за поединците или јавната безбедност
  • Ги прекршуваат нашите Стандарди на заедницата што вклучуваат штета што подразбира пренесување на полицијата поради ризикот од неизбежна штета за поединците или јавната безбедност
  • Ги прекршуваат нашите Стандарди за рекламирање што вклучуваат измамнички или опасни штети за бизнисот
  • Повеќепати ги прекршуваат нашите Стандарди на заедницата со објавување содржини што ги прекршуваат правилата и/или со управување ентитети или деловни средства што се против правилата
  • Повеќепати ги прекршуваат нашите Стандарди за рекламирање
  • Демонстрираат активности или однесувања што укажуваат на јасна цел за прекршување
Може да ги ограничиме или да ги оневозможиме сметките, другите ентитети (Страници, групи, настани) или деловните средства (Бизнис управници, сметки за реклами) што се:
  • Сопственост на истото лице или ентитет како и сметка што е оневозможена
  • Создадени или пренаменети за да се избегне претходно отстранување на сметка или ентитет, вклучително и тие за коишто е проценето дека имаат заедничко сопствеништво и содржини како претходно отстранети сметки или ентитети
  • Создадени за контактирање со корисник што блокирал сметка
  • Се користат на друг начин за заобиколување на спроведените дејства или процесите на прегледување
Може да ги ограничиме или да ги оневозможиме сметките, другите ентитети (Страници, групи, настани) или деловните средства (Бизнис управници, сметки за реклами) што демонстрираат:
  • Јасна поврзаност со мрежа на сметки или други ентитети што ги прекршуваат или ги заобиколуваат нашите политики
  • Координација во рамките на мрежа на сметки или други ентитети што постојано или еклатантно ги прекршуваат нашите политики
  • Активности или однесувања што укажуваат на јасна цел за прекршување преку мрежа на сметки
Ќе се потрудиме да ги ограничиме или да ги оневозможиме сметките или другите ентитети (Страници, групи, настани) или деловните средства (Бизнис управници, сметки за реклами) што учествуваат во активности надвор од платформата што може да доведат до оштетување на нашата платформа, вклучувајќи ги и тие:
  • Што се сопственост на осуден сексуален престапник, осуден за престапи поврзани со сексуална злоупотреба на деца или возрасни
  • Што се сопственост на Назначен ентитет или се одржуваат во негово име
  • На коишто им е забрането да ги добиваат нашите производи, услуги или софтвер согласно важечките закони
Во следниве сценарија, може да побараме дополнителни информации за сметката за да го утврдиме сопствеништвото и/или дозволените активности:
  • Компромитирани сметки
  • Создавање или користење сметка или друг ентитет преку автоматски средства, како скриптирање (освен ако активноста на скриптирање се врши преку овластени канали и не ги прекршува нашите политики на друг начин)
  • Празни сметки со продолжена неактивност
Искуства на корисниците
Погледнете неколку примери за спроведување на стандардите за луѓето на Facebook, како на пример: како изгледа да се пријави нешто за коешто сметате дека не треба да биде на Facebook, да ве известат дека сте ги прекршиле Стандардите на заедницата и да видите екран за предупредување врз одредена содржина.
Белешка: Секогаш се подобруваме, па тоа што ќе го видите тука може да биде малку застарено во споредба со тоа што го користиме во моментот.
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Пријавување
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Комуникација по пријавувањето
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Искуство со отстранување содржина
ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Екрани за предупредување
Податоци
Видете го последниот Извештај за спроведување на стандардите на заедницата
Спроведување на стандардите
Ги имаме истите правила насекаде во светот, за сите на Facebook.
Тимови за преглед
Нашиот глобален тим од над 15.000 прегледувачи работи секој ден со цел луѓето да бидат безбедни на Facebook.
Активност на засегнатите страни
Надворешни соработници, академици, НВОа и креатори на политики придонесуваат информации за Стандардите на заедницата на Facebook.
Добијте помош за интегритетот на сметката
Дознајте што може да направите ако видите нешто на Facebook што е против нашите Стандарди на заедницата.
Посетете го нашиот Центар за помош