Во Meta, посветени сме да им овозможиме глас на луѓето и да ја заштитиме нивната безбедност.
Од 2016 г., користиме стратегија наречена „отстрани, намали, информирај“ за управување со содржините на технологиите на Meta.
Тоа значи дека ги отстрануваме штетните содржини коишто се спротивни на нашите политики, ја намалуваме дистрибуцијата на проблематична содржина што не ги прекршува нашите правила и ги информираме луѓето со дополнителен контекст за да може да одлучат што да кликнат, прочитаат и споделат.
Како поддршка за оваа стратегија, имаме правила што опишуваат што е, а што не е дозволено на нашите технологии. Нашите тимови соработуваат при развивањето на нашите политики и нивното спроведување. Еве како функционира.
1
Соработуваме со глобални експерти од областа на технологијата, јавната безбедност и човечките права за да ги создадеме и да ги ажурираме нашите правила.
2
Создаваме функции за безбедност, со цел луѓето да може да пријавуваат содржина и да блокираат, кријат или да престанат со следење сметки.
3
Ги спроведуваме нашите правила со технологија и прегледување од човек.
Ја одржуваме безбедноста на луѓето и преземаме одговорност со споделување на нашите правила, спроведување на стандардите и извештаи за транспарентност.
Нашите правила
Нашите правила дефинираат што е, а што не е дозволено на технологиите на Meta. Ако содржината не е во согласност со нашите правила, преземаме дејства.
Нашето спроведување на стандардите
Користиме технологија и тимови за преглед за откривање, прегледување и преземање дејства за милиони парчиња содржина секој ден на Facebook и Instagram.
Нашите извештаи за транспарентност
Објавуваме редовни извештаи за транспарентност за да ги известиме луѓето како се одвива спроведувањето на нашите правила.
Нашиот пристап кон објаснувањето на рангирањето
Системите со вештачка интелигенција (АИ) го составуваат рангирањето на содржините за многу доживувања на производите на Meta, на пример, прикажување на Ѕидот со објави на Facebook, гледање видеоролни на Instagram или прелистување на Facebook Marketplace.
Неодамнешни новости